Багажот беше бесплатен со децении: авиокомпаниите заработија 6,7 милијарди долари од НАДОМЕСТОЦИ ЗА БАГАЖ

Американските авиокомпании минатата година имале повеќе од 6,7 милијарди долари приход од надоместокот за багаж, според Бирото за транспортна статистика.

Само Американ Ерлајнс заработи речиси 1,4 милијарди долари од чекирани куфери, што е повеќе од два отсто од вкупниот приход на авиокомпанијата, објави CNBC.

Багажот беше бесплатен со децении, но таксите се зголемија во последниве години.

– Многу е сложено да се обезбеди багажот да пристигне со патникот на дестинацијата – изјави Кирк Пилинер, генерален менаџер на одделот за багаж на „Делта ерлајнс“.

Американските превозници минатата година превезоа повеќе од 470 милиони куфери.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата во Македонија

BiznisPRO

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните

BiznisPRO

Колку ќе биде еврото, а колку доларот? – Курсна листа за 4.10.2024

BiznisPRO