Животното осигурување нуди финансиска сигурност во непредвидливи времиња

Невозможно е да се предвиди иднината и сето она што таа може да го донесе. Секогаш се надеваме на најдоброто, но понекогаш животот не’ става во непредвидливи ситуации кои можат да ја загрозат безбедноста, па дури и животот на вас и вашите најблиски. Наместо тоа, може да се обидете да го заштитите она што ви е највредно со полиса за животно осигурување, која претставува инвестиција во иднината, но и во финансиската сигурност на целото семејство.

Постојат повеќе причини зошто ви е потребно животно осигурување, но и повеќе начини на кои можете да го добиете истото под условите кои лично вам ви одговараат. Читајте понатаму за да дознаете како да го направите тоа.

Кога ќе го слушнат зборот осигурување, луѓето најчесто помислуваат на осигурувањето на автомобил, недвижност или на физички предмети кои можат да се скршат, загубат или да бидат украдени. Животното осигурување претставува заштита за осигуреникот и за неговото семејство, овозможувајќи му мирен ум и финансиска поткрепа во случај на непредвидени настани и незгоди. Оваа полиса е покритие со кое осигурителот се обврзува, на осигуреникот, врз основа на платените премии на осигурување, да му ја исплати осигурената сума во случај на смрт, повреда, операции, малигни болести или настапување на тешки болести во зависност од договореното осигурително покритие.

Пред да склучите договор за животно осигурување, треба да ја земете во предвид информациајта дека висината на осигурителното покритие договорено со полисата зависи од личните параметри, како што се полот, возраста, животниот стил и животните навики. Сите останати услови ги одредувате вие. На пример, полисата за индивидуално осигурување може да биде со траење кое вам ви изгледа соодветно, период кој е во согласност со Вашите потреби и план за иднината. Износот на средства кои ќе ги инвестирате во сигурна иднина исто така зависи од можностите и вашите преференци, но најдобриот дел е што осигурителните компании нудат широк избор на можности и начини на плаќање, за секој да може да си дозволи да се чувствува безбедно, информира Маја Станковска претставник на осигурителна компанија.

А по истекот на полисата, доколку во тек на траење на договорот за осигурување не настане осигурен случај, средствата во висина на договорена сума за доживување стануваат достапни и може да се искористат за сите оние желби и потреби за која цел била склучена полисата за осигурување на живот или биле одложувани дотогаш. Искуствено најголем дел од корисниците решаваат со дел од средствата повторно да склучат полиса за осигурување на живот за себе или за некој близок, на тој начин потврдувајќи ја одговорноста за важните работи во животот.

Чувството на безбедност е незаменливо и затоа е бесполезно да се игнорира желбата за мирен и спокоен, финансиски сигурен живот. Инвестирањето во животно осигурување е една од најмудрите одлуки кои може да ги донесе еден возрасен човек, а верувајте дека десет или повеќе години отсега, ќе бидете благодарни на самите себе што сте вложиле во безбедноста на она што навистина ви значи.

Можеби ќе ве интересира...

30 ГОДИНИ ДАНСКИ КОНЗУЛАТ И ОРДЕН ВИТЕЗ ОД ПРВА КЛАСА НА РЕДОТ НА ДАНСКОТО ЗНАМЕ ЗА МУКАЕТОВ

BiznisPRO

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

BiznisPRO

Студентки од техничките факултети од Косово и Македонија во посета на „Diamond of Skopje“ во рамките на иницијативата Global Engineer Girls (GEG)

BiznisPRO