Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 28.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,834%, кај дизелот за 3,930%, кај екстра лесното масло за 0,58% и кај мазутот намалувањето е за 0,63%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,193%
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41,075 ден/кг.

Од 3.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 82,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 69,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 41,075 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Просечната нето-плата во Македонија стигна 29.943 денари, што е 5% повеќе од претходната година истиот период

BiznisPRO

Цените на нафтата паднаа минатата недела

BiznisPRO

ЕСМ понуди за 7,5 отсто повисока цена на тендерот за набавка на електрична енергија на ЕВН Хоум

BiznisPRO