Звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1855 лица

Во 2025 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1855 лица, од кои 1558 или 84 % се магистри и 297 или 16 % се специјалисти, соопштија од Државниот завод за статистика.

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2024 година, е зголемен за 0.5 %.

Учеството на жените магистри, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2025 година е 61.2 %.

Во 2025 година, најголем број од магистерските трудови, 497 или 31.9 %, се од областите на бизнисот, администрацијата и правото, 16.4 % се од областите на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 15.3 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Можеби ќе ве интересира...

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

BiznisPRO

Курсна листа за 28 август 2024 – Колку ќе чини еврото, а колку доларот?

BiznisPRO

Колку се движи доларот, а колку еврото – Курсна листа за 21 ноември 2024

BiznisPRO