Какаото оваа недела на берзите во Лондон и Њујорк достигна цена од 10.000 долари за тон, што е највисока во историјата, а рекордното поскапување може да влијае и на цените на чоколадото.
Западна Африка, клучна област за производство на какао, ја забележа третата последователна лоша жетва.
Гана и Брегот на Слоновата Коска, земји кои заедно произведуваат повеќе од половина од глобалниот род на какао, се погодени од екстремни временски услови кои дополнително се влошија од климатската криза и феноменот Ел Нињо. Ситуацијата беше дополнително влошена од болестите на земјоделските култури кај западноафриканските лозари и недоволното инвестирање во старите насади.
Производителите на чоколади имаат проблеми со снабдувањето, а многумина предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат цените на своите производи или да ја намалат амбалажата.
Портпаролот на компанијата Нестле најави дека можеби ќе ги зголемат цените на нивните производи бидејќи какаото денес е три пати поскапо отколку пред една година.
Какаото, заедно со кафето, чајот и бананите, е една од основните намирници за домаќинството на кое му се заканува глобалното затоплување.