Поскапено издавањето на документи: Колку чини промената на пасош, лична карта или возачка дозвола?

Промената на лична карта сега изнесува 310 денари, додека за возачка дозвола 580 денари.

Цените пак за пасош исто така се поскапени и сега за лица до 27 години изнесуваат 1700 денари, додека за постари од 27 години цената изнесува 2300 денари во редовна постапка.

Доколку ви треба пасош по брза постапка, ова задоволство ќе ве чини 6.300 денари.

Опција за вадење на возачка по брза постапка чини 1400 денари.

Вадењето на сетот документи по нормална потапка (пасош, возачка, лична карта) изнесува 2590 денари за граѓаните до 27 години, додека за постарите граѓани 3.190 денари. Сумата се зголемува доколку документите ги сакате во брза постапка.

Да потсетиме дека до крајот на февруари 2024 година сите граѓани потребно е да имаат нови документи со името Северна Македонија, во спротивно со тие патни исправи нема да можат да патуваат во странство.

Личните карти со старото име Република Македонија ќе бидат валидни само во внатрешноста на земјата и со нив ќе може да се легитимирате во банка или други институции.

Можеби ќе ве интересира...

Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO

Падна одлука во РКЕ: Значајно намалување на дизелот

BiznisPRO

„Брако“ стартува со нова производствена програма, 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија

BiznisPRO