По глобалниот крах: Фејсбук и Инстаграм се вратија, сè уште нема објаснување за проблемот

Корисниците ширум светот пријавија проблеми со социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Овие социјални мрежи не функционираа за многу корисници, а според веб-страницата DownDetector, проблемот со Facebook бил што луѓето не можеле да се логираат, додека кај Instagram се појавила пораката „Нешто тргна наопаку“.

За Инстаграм повеќе од 56.000 корисници пријавиле проблеми, а најмногу проблемот е што останале најавени, но нивните објави на почетната страница не се вчитуваа.

Што се однесува до Фејсбук, тој беше во уште поголем проблем – за 45 минути 350.000 луѓе напишале дека не им оди, а проблемот е најмногу што ги „одлогирале“ па не можат повторно да се логираат, но пишува дека лозинката не е точна. Покрај тоа, ниту Facebook Messenger ниту апликацијата Threads не работеа.

Околу три часа по општиот прекин, шефот за комуникации на Мета, Енди Стоун, одговори на повикот, сè уште не давајќи објаснување за проблемот, но рече дека мрежите работат.

„Порано денеска, технички проблем ги спречи луѓето да пристапат до некои од нашите услуги. Работевме што е можно побрзо за да го решиме проблемот и се извинуваме за непријатностите“, рече Стоун.

Можеби ќе ве интересира...

Лидл го купи објектот “Бриколаж”

BiznisPRO

Русите конечно профитираа

BiznisPRO

МФ: „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ-со стабилни изгледи

BiznisPRO