Германската економија е парализирана и ќе порасне за само 0,2 отсто во 2024 година, се вели во прогнозата што денеска ја објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Според експертите, закрепнувањето на германската економија ќе се случи подоцна од очекуваното, а во 2025 година економијата на земјата ќе порасне за 1,5 отсто.
МФО значително ја ревидираше надолу својата зимска прогноза за економскиот раст во Германија во 2024 година, кога предвиде економски раст од 0,9 проценти.
Германската економија падна за 0,3 отсто во четвртиот квартал од 2023 година, а ситуацијата во производството и градежништвото е особено тешка, пред се поради недостигот на нарачки, лошото време во декември и екстремно високата стапка на заболени од вработените.
Германската економија веројатно ќе го продолжи негативниот тренд во тековниот квартал и ќе падне за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, а забележително економско закрепнување се очекува дури во втората половина од годината, оценуваат експертите.
Инфлацијата во Германија, според очекувањата на Институтот за економски истражувања, ќе падне од 5,9 отсто во 2023 година на 2,3 отсто во 2024 година и на 1,6 отсто во 2025 година. Според експертите, базичната инфлација исто така ќе падне од шест отсто во 2023 година на 2,8 отсто во 2024 година и на 2,2 отсто во 2025 година.
ИФО предупредува на бројни ризици кои би можеле да го нарушат ова сценарио, првенствено движењето на цените на енергијата, геополитичките околности и можното неподготвеност на германската влада да ги спроведе потребните реформи.