ЕП ја продолжи суспензијата на царините за украинските производи

Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент усвои едногодишно продолжување на суспензијата на царинските давачки за производите што Украина ги извезува во Европската унија.

Во новата одлука е додадена „итна кочница“ која може да воведе царини доколку извозот на живина, шеќер и јајца го надмине нивото на извоз од 2022 и 2023 година, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Предлогот го поддржаа 26 членови на одборот, 10 гласаа против, а еден беше воздржан.

Мерките за либерализација се условени од почитувањето на Украина за демократските принципи, човековите права, владеењето на правото и нејзините постојани напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, посочуваат од Европскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира...

Кога наредно ќе одмараме – Познато е уште кои денови останаа како неработни до крајот на 2025

BiznisPRO

Цените на гасот растат во Франција

BiznisPRO

Во Москва повторно се отворени продавниците на германскиот бренд Hugo Boss

BiznisPRO