За фрлена цигара – 250 евра

Германската престолнина Берлин се бори со нелегалното отстранување на отпадот. Поради ова, некои политичари предложија високи казни за оние кои го прават тоа.

Германската престолнина Берлин се бори со нелегалното отстранување на отпадот. Поради ова, некои политичари предложија високи казни за оние кои го прават тоа. Фрлањето догорчиња, најлонски кеси или чаши за еднократна употреба граѓаните наскоро би можело да ги чини 250 евра – наместо сегашните 55 евра.

Надлежните сметаат дека итно се потребни измени и сметаат дека тоа ќе се постигне со зголемување на казните. Како што е наведено, милиони евра на даночните обврзници ќе бидат потрошени за отстранување на отпадот што завршува на јавни површини и места кои не се определени за тие цели. Има тренд на нагло зголемување на буџетот наменет за чистење, а само во 2023 година за одржување на чистотата во Берлин се потрошени 12 милиони евра.
Портпаролот на градското комунално претпријатие рече дека луѓето сè понеодговорно фрлаат ѓубре по тротоарите или гломазен отпад по улиците, поради што состојбата со чистотата е сериозно нарушена. Надлежните најавуваат дека поради оваа причина отстранувањето на кабастиот отпад од дивите депонии или од јавните површини наскоро веќе нема да чини 150, туку 4.000 евра.

Казната за недозволено фрлање половни гуми може да биде не 800, туку 3.500 евра за секоја гума. Доколку сопственикот на кучето не го извади изметот на своето животно, според планот, наместо досегашните 55, ќе треба да плати казна од 80 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Доаѓа ново покачување на пензиите во септември

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

BiznisPRO

Доаѓа исплата: Објавен е датумот кога ќе легнат пари на сметките на пензионерите

BiznisPRO