Банките во Црна Гора во плус од 146 милиони евра

Сите 11 деловни банки на крајот на декември минатата година забележаа позитивен резултат на црногорскиот банкарски пазар.

Вкупната добивка е 145,97 милиони евра.

Најголема добивка од 55,57 милиони евра остварила Црногорска комерцијална банка, потоа НЛБ и Адриатик банка со добивка од 26,61 милиони односно 15,72 милиони евра, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ).Мина .

Ерсте банка имаше добивка од 15,63 милиони евра, Хипотекарна 12,26 милиони евра, а Универзал капитал 8,26 милиони евра.

Добивката на Адико банка на крајот на декември изнесуваше 4,43 милиони евра, на Запад банка 3,51 милиони евра, на Ловќен банка 3,3 милиони евра, а на Зираат банка 597.000 евра.

Добивката на Прва банка беше 76.000 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Хрватското индустриско производство падна

BiznisPRO

Црна Гора тестира нов модел на работна недела: Еве како ќе функционира

BiznisPRO

Повлекување на познат чоколаден производ: „Не јадете го“

BiznisPRO