Годишната стапка на инфлација во САД во февруари неочекувано се искачи на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во САД се зголеми на 3,2 отсто во февруари од 3,1 отсто во јануари, објави денеска американското биро за статистика на трудот БЛС. Пазарите очекуваа инфлацијата да биде 3,1 отсто и во февруари. Во февруари храната во САД поскапела за 2,2 отсто на годишно ниво, становите за 5,7 отсто, новите возила за 0,4 отсто, а во сите споменати случаи растот на цените бил побавен од јануари.

Спротивно на тоа, цените на транспортот во САД во февруари пораснаа на годишно ниво за 9,9 отсто, што е забрзано во однос на јануарските 9,5 отсто.

Цените на енергенсите паднаа за само 1,9 отсто на годишно ниво, додека во јануари претходно паднаа за 4,6 отсто, објавено е на веб-страницата на Заводот за статистика на трудот. Годишната стапка на базичната инфлација во САД падна на 3,8 отсто од јануарските 3,9 отсто.

На месечно ниво, цените во Америка во февруари пораснале за 0,4 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

BiznisPRO

Европските и американските берзански индекси во пораст, нафтата, златото и пченицата поскапеа

BiznisPRO

Во Москва повторно се отворени продавниците на германскиот бренд Hugo Boss

BiznisPRO