Преспанско езеро / фото Бизниспро

Собранието го изгласа Законот за рибарство и аквакултура

Собранието на Република Северна Македонија, вчера го изгласа новиот Закон за рибарство и аквакултура. Законско решение, кое во целосно е усогласено со регулативите на Европската Унија.

Новиот Закон за рибарство и аквакултура ги уредува риболовните води и риболовот, потоа управувањето и користењето на рибите и другите водни организми. Регулиран е делот на аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура.

Исто така новиот Закон за рибарство и аквакултура ги уредува надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, надоместок на штета и право на отштета, како и порибувањето и производство на порибителен материјал, како и други прашања, што се од значење во областа на рибарството и аквакултурата.

Последниот извештај на Евопската Комисија нотира позитивен напредок во текот на известувачкиот период во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството, а токму подготовката на овој закон во извештајот беше позитивно оценета.

Дополнително, во месец јуни минатата 2023 година, нашата држава како 37 членка се приклучи кон Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Нашето челенство, во ова регионално тело за рибарство од страна на Советот на ФАО основано во 1957 година, ни дава можност за вклучување во регионални проекти за рибарство и аквакултура, пристап до знаење и научни совети, трансфер на градење капацитети и технологии и иновации за аквакултурата.

Можеби ќе ве интересира...

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА РАСТ: Цената на маслиновото масло драстично порасна за една година

BiznisPRO

Бачовски: Исплатени 58.9 милиони денари дополнителна поддршка за 1925 регистрирани земјоделци

BiznisPRO

Нови еколошки правила за свињи и живинарски фарми

BiznisPRO