Една работа мора да биде на прво место: финансиски експерт советува како да ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ со ОВИЕ 3 ПРАВИЛА

Животот станува поскап. Киријата, заемите, намирниците и трошоците за храна и превоз го направија секојдневието сè поскапо. А најголемиот проблем е што мнозинството за да преживее од плата до плата, троши уште повеќе и влегува во долг на кредитна картичка.

Ако продолжите да трошите како пред да пораснат каматните стапки или пред секојдневните работи да поскапат поради инфлацијата, неизбежно ќе влезете во спирала на прекумерно трошење и долгови, изјави Хилари Сејлер, основач на фирмата за финансиска писменост Financial Footwork.

– Луѓето никогаш не сакаат да го слушнат тој еден совет, но секогаш е важно да потрошите помалку отколку што заработувате – рече таа.

Прегледајте ги и приспособете ги навиките на потрошувачите
Преиспитајте го начинот на кој ги трошите парите. Дали сè уште излегувате три пати неделно, нарачувате многу работи и предмети преку Интернет и јадете надвор секој ден?

– Доволно ми е да го видам изводот од банката на клиентот и веќе знам точно каде фрла огромни суми пари во бунарот. Можеби мислите, добро, јас немам автомобил или не трошам многу на карти, но вие трошите многу пари на други работи, вели Сејлер.

Избегнувајте да се задолжувате по секоја цена
– На сите клиенти им порачувам да избегнуваат да се задолжуваат по секоја цена – изјави Сејлер за Businees Insider. Тој, исто така, предупредува дека само затоа што плаќате со кредитни картички не значи дека можете да потрошите повеќе отколку што би плаќале со дебитни картички.

– Тоа само значи дека префрлате неплатени заостанати трошоци од месец во месец и плаќате висока камата за тоа. Користете ја картичката за да купите само она што можете да го исплатите во тековниот месец – рече таа.

Направете ја заштедата ваш прв приоритет
Високите каматни стапки можат да бидат дури и корисни кога станува збор за штедење.

– Секој треба да размисли за отворање заштеди со висок принос – вели Сејлер. Трошењето помалку ќе ви помогне да заштедите повеќе и да ја подобрите финансиската сигурност.

Можеби ќе ве интересира...

Повторно е на врвот

BiznisPRO

Регулаторна со одлука: Поевтинуваат и бензинот и дизелот

BiznisPRO

Падна одлука: Едни горива поскапуваат, други поевтинуваат

BiznisPRO