Растот на глобалната трговија би можел да се удвои оваа година

Растот на глобалната трговија би можел да се удвои оваа година, бидејќи инфлацијата се намалува, а засилената американска економија помага да се поттикне активноста, според прогнозите на меѓународните тела ОЕЦД, ММФ и Светската трговска организација (СТО).

ОЕЦД, ММФ и Светската трговска организација предвидуваат нагло закрепнување на глобалните текови на производи оваа година по забавувањето во 2023 година поради повисоките цени, остриот пораст на каматните стапки и слабата побарувачка, пишува Фајненшл тајмс.

Според проценките на ОЕЦД, глобалната трговија со стоки и услуги ќе порасне за 2,3 отсто оваа година и 3,3 отсто во 2025 година. Тоа се споредува со растот од само еден процент минатата година. ОЕЦД очекува Кина и Источна Азија да бидат големите двигатели на активноста.

Порастот на трговијата веќе помогна да се зголеми растот на некои од најголемите економии на ЕУ во првиот квартал од 2024 година. Вкупниот раст на еврозоната зајакна за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци, што е најсилно ниво од третиот квартал на 2022 година.

Во својот последен Светски економски извештај, ММФ предвиде и дека растот на обемот на глобалната трговија ќе достигне три проценти во 2024 година. СТО, која не дава прогнози за трговијата со услуги, очекува дека трговијата со стоки ќе порасне за 2,6 отсто во 2024 година, откако минатата година падна за 1,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Нов пад на вредноста на турската лира

BiznisPRO

Цените на нафтата потонаа

BiznisPRO

Земјите од Г7 се загрижени поради економската принуда на Кина

BiznisPRO