Годишната стапка на инфлација во еврозоната во февруари беше потврдена на 2,6 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна во февруари од 2,8 во јануари на 2,6 отсто, во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави Евростат на својата веб-страница.
Прехранбените производи, алкохолот и тутунот се зголемени за 3,9 отсто на годишно ниво, а на индустриските производи освен енергијата за 1,6 отсто и во двата случаи со побавно темпо од јануари.

Инфлацијата во услужниот сектор изнесува четири отсто, а енергенсите паднаа за 3,7 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната беше потврдена на 3,1 отсто, па сега е на најниско ниво од март 2022 година.
На месечна основа, цените во еврозоната во февруари пораснаа за 0,6 отсто. Годишната стапка на инфлација во Европската унија падна во февруари од 3,1 отсто во јануари на 2,8 отсто.

Најниска годишна стапка на инфлација во ЕУ во февруари е забележана во Летонија и Данска, по 0,6 отсто, Италија 0,8 отсто, а највисока во Романија 7,1 отсто, Хрватска 4,8 отсто, Естонија 4,4 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Виз ер значително го намалува бројот на летови во регионот, големи кратења на линиите од скопскиот и охридскиот аеродром

BiznisPRO

Еве ја курсната листа за сабота 19.10.2024

BiznisPRO

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

BiznisPRO