Од април повисок минималец од 22.500 денари за околу 90 ијлади работници

Работниците од текстилната, кожарската, чевларската индустрија следниот месец ќе добијат покачување за 2.400 денари. Најниската исплата на плата за март за сите сектори ќе изнесува 22.500 денари.

Продолжува приментана на зголемување на минималната плата направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите.

Минималната плата која во 2012 беше 8.050 денари, а во 2016 изнесуваше нешто над 10.000 денари, во февруари 2024 изнесува над 20.175 денари за денес достигне 22.500.
Континуираното зголемување на минималната плата го подигна и нивото на просечната плата, која сега изнесува 40.000 денари или 650 евра.

Според економскиот експерт Абил Бауш, растот на просечната плата е важен индикатор за економската здравје на една земја, огледало на нејзината производителност, и клучен фактор за куповната моќ на нејзините граѓани. Вели ако во идеален случај платата расте на начин кој ги надминува стапките на инфлација, куповната моќ на граѓаните се зголемува.

-„ Кога просечната плата расте, тоа обично укажува на зголемување на економската активност и подобрување на условите на пазарот на труд. Растот на платите може да биде резултат на неколку фактори, вклучително и зголемената барања за работна сила, подобрената производителност, или силна колективна преговарачка моќ на работниците. Во идеален случај, ако економијата расте на начин кој ги надминува стапките на инфлација, куповната моќ на граѓаните се зголемува, овозможувајќи им подобар животен стандард и пристап до поголем спектар на добра и услуги“.
Сепак, вели Бауш, важно е да се разбере дека растот на платите не секогаш директно се преведува во зголемување на куповната моќ а критична улога во оваа динамика игра токму инфлацијата.
-Ако инфлацијата расте побрзо од платите, куповната моќ може да опадне дури и кога номиналните плати се зголемуваат. Затоа, монетарната политика и економските интервенции на државата се клучни за одржување на инфлацијата во прифатливи рамки. Покрај тоа, трендовите на пазарот на труд, како што се промените во побарувачката за одредени вештини или индустрии, исто така играат значајна улога во одредувањето на динамиката на платите. Во контекст на глобализацијата и технолошкиот напредок, одредени сектори може да видат поголеми зголемувања на платите поради зголемена потреба за специјализирани вештини, додека други може да се соочат со стагнација или намалување поради автоматизација или аутсорсинг“.
Дали просечната плата ќе продолжи да расте и дали тоа ќе придонесе кон зголемување на куповната моќ зависи од многубројни фактори, вклучително и од способноста на економијата да расте на одржлив начин, контролата на инфлацијата, и адаптацијата на пазарот на труд кон променливите економски услови, додава професорот. Вели, доколку се спроведат соодветни политики кои ја фаворизираат економската експанзија без да се предизвикаат значителни инфлациони притисоци, реално е да се очекува продолжување на растот на платите и подобрување на куповната моќ на граѓаните.
Во 2016година просечната плата изнесувала 22.460 денари, а една година претходно, во октомври 2015 година таа била со висина од 22.213 денари.
Ковачевски: Во наредниот мандат ќе имаме просечна плата над 1.000 евра
„Со правилни политики, просечната плата од 22.000 денари денес е порасната на 40.000 денари што е историски највисоко ниво споредено со она што беше во 2016 година. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на скоро 23.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Ако реално ја земете куповната моќ, платата денес е повисока отколку пред три години. Воедно, и пензиите ги покачивме во просек за 6.000 денари, а невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%.“ истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, при посетата на компанијата ДИЕМ – ГП во Гевгелија.
„По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки.Истовремено работиме и на решение за воведување на минимална пензија.“ рече Ковачевски за новата изборна програма на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира...

Донации и награди за вработените за Денот на рударите од Рудник САСА

BiznisPRO

Глобалниот јавен долг би можел да достигне 115 отсто од „глобалниот БДП“ за само три години

BiznisPRO

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари

BiznisPRO