Приматели на плата – Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Без разлика дали се работи за штедење за пензија, купување куќа  или финансирање на образованието на вашите деца, планирањето однапред го намалува финансискиот стрес и несигурноста. Сознанието дека ги контролирате вашите финансии и имате план за иднината, може да ви донесе мир на умот и ви овозможува да се фокусирате на други аспекти од вашиот живот без постојано да се грижите за пари.

Помеѓу многубројните иновативни и корисни банкарски услуги за корисниците, Халкбанк АД Скопје ја воведе и услугата „Приматели на плата”, која што покрај обезбедување пристап до паричните средства на трансакциската сметка, носи и низа други значајни бенефиции за секој клиент. Секој што ќе отвори тековна сметка во Халкбанк и преку наведената сметка остварува редовен личен доход, како примател на плата, добива можност за користење на Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која на клиентот му е овозможено да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија.

Друга бенефиција за примателите на плата е можноста за дозволено пречекорување на трансакциската сметка во висина до три месечни плати. Со станување клиент со плата во Халкбанк, секој може да избере да добие дебитна, но и кредитна картичка од светските брендови Visa и MasterCard. Со кредитните картички клиентите можат да купуваат на рати без камата на мрежата на ПОС терминали со кои Банката има склучено договор за рати без камата. Корисниците на кредитните картички, Халкбанк ги наградува и со Бонус програма со која со пазарување на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на  бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства  кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.

Халкбанк, на своите клиенти, приматели на плата им овозможува и штедење со најповолни каматни стапки со наменскиот депозит за приматели на плата „Мој депозит”. Годишната каматна стапка за овој тип на производ е фиксна и се движи до 2,20% за штедење во денари и 1,70% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Клиентот може да одбере помеѓу исплата на камата на крај на период на орочување или месечно.

Помеѓу останатите придобивки од оваа услуга се можноста за станбен кредит со најдобри услови, брзи процедури за подигнување на потрошувачки кредит со најдобри услови и електронско и мобилно банкарство, кое му овозможува на клиентот добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив и извршување на останатите обврски онлајн.

Дополнително Халкбанк го прошири асортиманот на производи и услуги, и на своите ценети клиенти им овозможи да купат полиси за неживотно осигурување (патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување, зелен картон, осигурување на имот и останати типови) издадени од Халк Осигурување АД Скопје во сите филијали на Халкбанк во земјата.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 27 март

BiznisPRO

ПРОГНОЗИИТЕ НЕ СЕ НАЈДОБРИ Оваа земја би можела да „испадне“ од првите 10 економии во светот

BiznisPRO

Еве ги сите неработни денови за следната година

BiznisPRO