Хрватскиот државен инспекторат го повлече од пазарот производот вафли Nestle KIT KAT Mini поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.
Како што е наведено, се отповикува само Nestle KIT KAT Mini 200g in bag series 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Dnevnik.hr.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic d.o.o. од Загреб.