Лоша вест – повторно поскапување на горивата

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Цената на ЕВРОСУПЕР 95 ќе поскапи 1,5 денар и ќе изнесува 86,5 денари за литар. ЕВРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар и ќе изнесува 88,5 денари за литар.

ЕВРОДИЗЕЛОТ се зголемува 2 денара за литар и од утре ќе чини 78 денари.

Поскапува и екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денари и ќе се продава за 77 денари. Цената на „мазутот“ поевтинува 0,3 денари и од полноќ ќе се продава за 45,2 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира...

Одлична вест за германските пензионери: На 1 јули пензиите ќе се зголемат за 4,57 отсто

BiznisPRO

Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика

BiznisPRO

Колку изнесувало производството на електрична енергија во јануари?

BiznisPRO