Хрватската индустрија во февруари го зголеми прометот во однос на истиот период лани

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари годинава е зголемен за 2,7 отсто во однос на истиот период од 2023 година, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС) На месечно ниво, во однос на јануари, прометот во индустријата е намален за 0,4 отсто.

Кога станува збор за главните индустриски групи, во февруари 2024 година, во однос на февруари минатата година, вкупната продажба на енергија е зголемена за 18 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто.

Од ДЗС наведуваат дека вкупната продажба на трајни производи за широка потрошувачка во истиот период е намалена за 8,2 отсто, а на капитални производи за 8,1 отсто.

На месечно ниво, во февруари годинава, во однос на јануари, вкупната продажба на капитални производи е помала за 16,4 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто.

Вкупната продажба на енергија е зголемена за 14,9 отсто, а трајните производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, пренесува Индекс.

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, четврто тримесечје од 2024 година

BiznisPRO

ССКМ – Поддршката на мали и средни компании со поволни кредити, ќе биде двигател на целокупната економија

BiznisPRO

Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите

BiznisPRO