Цените се повисоки, а парите се помали: Во Германија се забележани огромни поскапувања

Животот во Германија поскапе. Стапката на инфлација повторно е за 2,2 отсто повисока од април минатата година, пресмета Институтот за статистика.

Тоа значи дека е запрен падот на цените кој започна на почетокот на годината. Економистите очекуваат натамошен раст на стапката во наредните месеци.

Многу претприемачи најавија поскапувања, на пример аптеките и угостителството. Од март до април потрошувачките цени пораснале за 0,5 отсто.

Статистичарите ги потврдија прелиминарните проценки што ги дадоа на крајот на април.

Во следните месеци може да поскапат енергетските производи бидејќи од 1 април редовно се применува ДДВ од 19 отсто за парното и природниот гас. Од октомври 2022 година, владата го намали данокот поради енергетската криза на само седум проценти.

Цените на енергенсите за домаќинствата во април се во просек пониски за 1,2 отсто, значително пониски во однос на март, кога паднаа за 2,7 отсто. Минатиот месец парното веќе поскапе значително за 27,4 отсто во однос на април 2023 година.

Потрошувачите во април платиле за 0,5 отсто повеќе храна отколку една година порано, за разлика од март, кога храната поевтинила за 0,7 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички приоритет

BiznisPRO

Mozzart ја дарува добрината – Банка за храна обезбеди прехрамбени поризводи за Порака Неготино благодарение на „Театарот на хуманоста“

BiznisPRO

ИМАТЕ 100.000 ДЕНАРИ НА СМЕТКА: Дали тоа денес воопшто може да се нарече финансиска резерва?

BiznisPRO