Убава вест: Оваа банка предвреме ќе ги исплати пензиите уште во петок

ФБ статус на Комерцијална банка:

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за мај од петок 31.05.2024 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок 31.05.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 31.05.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката. 😊

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. 🕔

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот. 🕑

Мапата со локации на банката е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Можеби ќе ве интересира...

ДОГОВОРЕНА ТЕСНА И ДИРЕКТНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

BiznisPRO

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

BiznisPRO

ДЗС потпиша Меморандум за соработка со Американскиот колеџ

BiznisPRO