Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

Со серија интересни настани и случувања кои ќе бидат организирани во следниот период, Diamond Mall продолжува да креира дополнителна вредност и нови можности за уживање и забава за посетителите.

Едни од тие активности се и џез-забавите што ќе се одржуваат во Гурманската авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall. Во уникатниот амбиент на овој простор, што функционира како екстензија на Diamond Mall и во кој се сместени неколку ресторани, кафулиња и барови, ќе настапат познати џез музичари од нашата земја.

Овие настани започнуваат на 14 јуни со проектот „Пијан славеј” на дел од членовите на групата „Фолтин“, a продолжуваат на 28 јуни со Тони Китановски и на 5 јули со групата „Gipsy Jazz“, со почеток во 21.00 часот. За одличната атмосфера која се очекува на овие настани, покрај квалитетната музика, посетителите можат да очекуваат и посебна, збогатена понуда на храна, мезе и пијалаци.

Со организацијата на ваков вид настани, Diamond Mall останува доследен на својата определба, која произлегува од оригиналниот концепт на молот, постојано да нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, гастрономско уживање и забава.

Можеби ќе ве интересира...

Азески панелист на регионалната конференција „Еден регион, еден пазар – чекор кон единствениот пазар на ЕУ“ во Нови Сад

BiznisPRO

М6 Едукативен центар стартува со сопствен поткаст – во првата епизода инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на лидерите – Клучот во управувањето со луѓето“

BiznisPRO

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија 

BiznisPRO