Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.

Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Северна Македонија.

Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.

Во Северна Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово. Логистичкиот центар ќе се простира на 63 000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на работењето. Логистичкиот центар дополнително ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.

Минатиот месец Лидл организираше средби со 130 македонски компании и со тоа отвори можности за соработка.

Можеби ќе ве интересира...

Македонските граѓани земаат 41.939 денари месечно во просек – Забележан силен раст на просечната плата

BiznisPRO

Падна одлука – Утврдени нови цени на бензините

BiznisPRO

Ќе уживаме уште во неколку неработни дена, еден се паѓа за една седмица – Еве кои неработни денови следуваат

BiznisPRO