МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА УДАР: Се најавуваат големи промени за работа и пензија

Македонските граѓани кои работат во Германија би можеле да бидат опфатени со големи промени во тамошниот пензиски и работен систем, доколку германската влада ги прифати предлозите на Пензиската комисија.

Мерките предвидуваат укинување или сериозно ограничување на дел од досегашните поволности, меѓу кои мини-работните места и можноста за предвремено пензионирање на 63 години. Дополнително, се разгледува и постепено продолжување на работниот век, најпрво до 69, а потоа и до 70 години.

Посебно внимание предизвикува можната промена кај мини-работите, кои досега овозможуваа дополнителна заработка до 603 евра месечно со минимални одбитоци. Според новиот предлог, поголем дел од овие работници би морале да плаќаат социјални и пензиски придонеси, со исклучок на студентите до одреден лимит.

Најпогодени би можеле да бидат работниците во угостителството, трговијата, приватните домаќинства и лицата со скратено работно време. Поддржувачите на реформата тврдат дека тоа би донело посигурни пензии во иднина, но критичарите предупредуваат дека дел од работата може да се префрли во сивата економија.

Предлогот предвидува и поширока обврска за плаќање придонеси, како и делумно насочување на средствата кон пазарот на капитал, со цел пензискиот фонд да добие дополнителна стабилност.

Засега станува збор за препораки, а конечната одлука треба да ја донесат германските власти откако предлозите официјално ќе бидат доставени до федералната влада.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк e генерален партнер на The Founder Games – Првото реално шоу за стартапи

BiznisPRO

ЕОС Матрикс Македонија го зголеми откупот на нефункционални пласмани – вложени над пет милиони евра

BiznisPRO

МТЕЛ станува генерален спонзор на кошаркарската Прва машка лига, продолжува партнерството со КК Работнички и КК МЗТ Скопје

BiznisPRO