ДРЖАВАТА ДЕЛИ ДО 10.000 ЕВРА ЗА ПОЧНУВАЊЕ НА СОПСТВЕН БИЗНИС: Аплицирањето почна, објавени условите и начинот за пријава!

Агенцијата за вработување објави нов јавен оглас за програмата „Самовработување“, преку која ќе се поддржат лица што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Пријавувањето се врши во 30-те центри за вработување низ земјата и ќе трае до 3 јули. Од Агенцијата информираат дека изборот на кандидатите ќе се спроведува во повеќе фази, со цел поддршката да ја добијат најквалитетните бизнис идеи и планови.

Финансиската помош се доделува како грант за отворање и стартување бизнис. За лица постари од 29 години поддршката изнесува 7.000 евра, додека младите до 29 години може да добијат 10.000 евра.

Доколку повеќе корисници се здружат и основаат ДОО, грантот може да достигне до 20.000 евра, во зависност од целната група.

Повеќе информации се достапни преку објавениот оглас на Агенцијата за вработување.

Линкот е достапен на следната страница

Можеби ќе ве интересира...

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании 

BiznisPRO

Во ноември: Годишен раст од 11,0% на вкупните депозити и од 9,7% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Економскиот факултет при УКИМ и ИСОС склучија Меморандум за деловно-техничка соработка

BiznisPRO