Драстичен пад на цените на пелети – се продаваат од 180 до 230 денари за вреќа, а пред неколку години беа над 500 денари

Пелетите за време на енергетската криза скокнаа на над 500 денари, но денес на македонскиот пазар може да се најдат и за 180 до 230 денари од вреќа која тежи 15 килограми.

Многумина граѓани за време на светската енергетска криза, кога енергенсите растеа, а пелетите станаа вистински луксуз од пелети се префрлија на греење со клими, топлотни пумпи и дрвjа.

Дали ова ќе ги врати граѓаните повторно на пелетите засега не се знае, но огласниците и натаму се полнат со огласи за продажба на печки за пелети.

Многумина граѓани за време на кризата во 2022 сакаа да се ослободат од ваквите печки на пелети. Додека продажбата на вакви печки се намалуваше, климите стануваа најбарани продукти.

Можеби ќе ве интересира...

Статистика на Еуроконтрол: Две нискобуџетни авиокомпании направија над 5000 летови во еден ден

BiznisPRO

Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид

BiznisPRO

Девизните резерви се поблиску до 5 милијарди евра

BiznisPRO