Казни за 8 компании поради непочитување на одлуката на влада за есенската кошничка, под контрола и бурекџилници

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија.

Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката.

Можеби ќе ве интересира...

Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите

BiznisPRO

Лидл се сретнале со компании од Македонија за можна соработка

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите на 23 јануари 2025?

BiznisPRO