Кина поднесе жалба поради канадските царини за електрични возила

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возила (ЕВ) произведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Пекинг смета дека царините за кинеските ЕВ и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска.

Канада најави воведување увозни давачки од 100 отсто за електрични возила од Кина и царини од 25 отсто за челик и алуминиум, а овие мерки стапија на сила на 1 октомври.

Владата во Отава би можела да им понуди на домашните компании олеснување од дополнителните царини од 25 отсто, изјави вчера канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на електричните и класичните автомобили со се’ помала разлика

BiznisPRO

Автомобилската индустрија на работ на колапс?

BiznisPRO

Цените на користените модели на Tesla почнаа брзо да паѓаат во споредба со пазарниот просек

BiznisPRO