Им загорчи чорбата и кафето на граѓаните – угостителските услуги поскапеле во септември значително во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.2 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.5 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

Слободни работни места, прво тримесечје 2025 година

BiznisPRO

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

BiznisPRO

Работен состанок во ИСОС: За ефективна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди неопходна е посветеност на сите засегнати страни

BiznisPRO