Со среќа: Охриѓанецот кој доби седумка на Лото ги подигна парите – еве како изгледа тикетот од 1.7 милиони евра

Државната Лотарија ја исплати најголемата седумка вредна над еден милион и седумстотини илјади евра (1 700 000 евра) или 109 012 304 денари, што е рекордна премија од постоењето на Државна лотарија и најголема постигната премија во Македонија. Најпопуларната игра на среќа ја награди вербата во среќа и истрајноста на играч од Охрид.

Најсреќниот Охриѓанец ги посети просториите на Државна Лотарија и ни раскажа за својата убеденост дека еден ден ќе дoбие 7-ка на Лото, па редовно и упорно уплаќал по 10 комбинации и по еден Џокер или вкупно 330 денари по коло. Бројчињата често ги менувал, дел од свои среќни броеви, дел по сопствен случаен избор, а некои колони ги избирал со квик-пик. Токму 6-тата колона од среќното 64-то коло на Лото 7 носи 3 од неговите среќни броеви − 7, 10 и 31 и токму таа колона (7,10, 27, 31, 33, 35, 36) ја впиша во Охрид 7-ката на којашто долго време се надеваа лото играчите ширум земјата.

„Им кажував на моите дека ќе играм додека не добијам 7-ка, не ми веруваа“, ни рече нашиот рекордер, при средбата. Почитувајќи го неговото право за анонимност, пренесуваме дека од неговите кажувања: „Јас играв редовно по 10 колони“, сподели со нас добитникот „иако на Лото може да добие и некој што случајно ќе уплати само 30 денари за една колона, јас бев упорен, на среќата мора и да ѝ се помогне. И сите што упорно и верно играат треба да добијат. Ете, сега било мојот ред. Сега сум јас како избран од среќата и награден за мојата упорност. Со среќата не се знае. Јас сум благодарен и на сите други играчи, сите учествуваа во оваа моја добивка. Јас нема јавно да ја споделам среќата, но дел по дел ќе ја делам. Сакам да останам анонимен, како што ќе бидат и моите донации за сите на коишто ќе им помагам.“ Со нашиот среќен добитник се разделивме со неговото ветување дека понатаму, можеби, ќе размисли дали ќе се вклучи во клубот на објавени лото добитници. Пред заминување ни рече дека секако ќе продолжи да игра, затоа што ова е неговата игра.

Оваа 28-ма Лото 7-ка е прва во Охрид. Во историјата на игри на среќа на Државна лотарија, 7-ката 12 пати беше постигната во Скопје, петпати во Битола, по двапати во Кичево и во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци и Кочани. Првата седумка во историјата на оваа игра беше постигната на 5 септември 2011 година во Битола а 27-мата 7-ка на 29. 11. 2022 година во Кичево, откога почна да се полни и да расте фондот за 7-ка за да го достигне досега најголемиот износ за премија од игра на среќа, во земјата.

Во тек е уплатата на коло 81 од игрите на среќа Лото 7 и Џокер. Премијата за Лото 7 е гарантирана од Државна лотарија и изнесува 10 000 000 денари, но атрактивна е и премијата за Џокер којашто за следното коло се очекува да достигне над 4 684 000 денари.

Една колона или комбинација од 7 броеви изнесува 30 денари, а само една колона од среќни броеви е доволна за да ве изненади со помала или поголема добивка. Уплатата може да се изврши на некое од уплатно-исплатните мeста ширум земјата, но може и онјлајн преку www.loto.mk.

Со среќата не се знае, таа е насекаде, дозволете да ве избере.

Можеби ќе ве интересира...

Мекдоналдс ги покачи цените, а потрошувачите со помали примања ГОТВАТ дома

BiznisPRO

Следуваат многу неработни денови – Еве кога да си испланирате одмор

BiznisPRO

ИЕА: Растот на глобалната побарувачка на нафта ќе забави до 1,1 милиони барели дневно во 2024 година

BiznisPRO