Како да се врзе крај со крај? Синдикалната кошничка за октомври изнесува 61.249 денари, намалувањето незабележливо

Пресметката на синдикалната кошничка за октомври 2024 година покажува дека нејзината висина изнесува 61.249 денари, што е само 50 денари помалку од септемвриската кошничка која беше 61.306 денари. Иако владата објави дека намалувањето на цените на над 70 производи ќе се одрази на „есенската кошничка“, тоа во реалноста не донесе значително олеснување за граѓаните.

Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), доколку на оваа пресметка се додаде и трошокот за кирија за стан од 60 метри квадратни, вкупната сума на синдикалната кошничка би изнесувала 76.624 денари. Овие бројки уште еднаш ја покажуваат тежината на животните трошоци за македонските семејства, и покрај владините мерки за стабилизирање на цените на основните производи.

Можеби ќе ве интересира...

Европските берзи го следат падот на Волстрит

BiznisPRO

Цените на нафтата над 71 долар

BiznisPRO

Во март 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 67.240 денари

BiznisPRO