Драстично зголемено богатството на Илон Маск

Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 33,5 милијарди долари по поволниот извештај на неговата компанија Тесла за третиот квартал од 2023 година, кој ги зголеми акциите.

Богатството на Маск порасна на 270 милијарди долари по скокот на акциите и ја зацврсти неговата позиција како најбогат човек во светот на листата на милијардери на Блумберг – 61 милијарда долари пред второпласираниот основач на Амазон Џеф Безос.

Третопласираниот извршен директор на Мета, Марк Цукерберг, има имот од 201 милијарда долари, а во првите пет се поранешниот извршен директор на Oracle, Лери Елисон со 186 милијарди долари и извршниот директор на групацијата LVMH, Бернард Арно со 181 милијарда долари.

На листата на десетте најбогати луѓе во светот се и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ, поранешниот директор на Мајкрософт, Стив Балмер, инвеститорот Ворен Бафет и другиот ко-основач на Гугл, Сергеј Брин.

Можеби ќе ве интересира...

Кафето продолжува да поскапува, но многу побавно

BiznisPRO

Зголемениот интерес на младите ја потврдува атрактивноста и важноста на сметководствената професија

BiznisPRO

Курсна листа за 23 мај 2025

BiznisPRO