Мекдоналдс во Италија / фото Бизниспро

Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години

Американскиот ланец ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ забележа глобален пад на продажбата од 1,5 отсто, што е најголемо намалување во последните четири години.

Најголем пад е забележан на пазарите на земјите во развој, дури 3,5 отсто. Следуваат пазарите на развиените земји, со пад на продажбата за 2,1 отсто, објави американската компанија. Најлоши резултати се во Франција и Велика Британија, додека минатогодишното ниво е задржано во САД, пренесува Блумберг.

Граѓаните помалку ги посетувале рестораните во САД, Европа и Кина, барале поевтини оброци и повеќе храна подготвувале дома. Послабата потрошувачка во Кина и вооружените конфликти на Блискиот Исток го загрозија бизнисот со ресторани со кои управуваат локални партнери на Мекдоналдс, при што продажбата падна за повеќе од десет проценти.

„Мекдоналдс“ ги објави и резултатите од скромниот раст на приходите во третиот квартал од оваа година. Како причина за слабата продажба се наведуваат послабите резултати во Европа и Кина, како и последиците од вооружените конфликти на Блискиот Исток.

Вкупниот приход од јули до септември е за три отсто поголем од лани и изнесува 6,87 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира...

Кина бесна: „Баравте војна – ќе ја добиете“

BiznisPRO

Visa и Mastercard завршија на суд

BiznisPRO

Во Москва повторно се отворени продавниците на германскиот бренд Hugo Boss

BiznisPRO