Завршува есенската кошничка – Ќе има ли поскапување на основните продукти?

Денес е последен ден за купување по намалени цени, бидејќи завршува владината мерка за ограничување на маржите на производите во есенската кошничка.

Оваа мерка опфаќа 73 основни производи, меѓу кои се лебот, тестенините, брашното, пекарските производи како бурек и банички со месо и сирење, млечните производи, месото и неговите преработки, одредени овошја и зеленчуци, оризот, гравот, маслото за јадење и неколку конзервирани производи.

И додека за време на мерката синдикалната кошничка поевтини за само педесетина денари, синдикатите велат дека за месец октомври 2024 година истата изнесува 61,249 денари, односно речиси три минимални плати.

Можеби ќе ве интересира...

Трамп воведе царини од 25 отсто за Мексико и Канада, 10 отсто за Кина

BiznisPRO

Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци

BiznisPRO

Познато е кога ќе биде исплатата на пензиите

BiznisPRO