АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли.

Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни граѓаните во овој период од годината, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.

Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација

Кај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.

Можеби ќе ве интересира...

ПРЕД КОМПАНИИТЕ ПРОМОВИРАН НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА ИЗВОЗ НА КОМОРАТА: Конкретни активности, инструменти и алатки во интерес на извозните компании

BiznisPRO

МАПАС: Членовите со бенефициран стаж до 17 септември да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд

BiznisPRO

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 16.8 % во мај 2025 година во однос на мај 2024 година

BiznisPRO