ДОКОЛКУ ЧЕКАТЕ ИСПЛАТА НА „МОЈ ДДВ“: УЈП со соопштение до скенирачите

Како што неодамна соопшти УЈП, за скенираните сметки во период октомври – декември кон 496,543 корисници во тек на февруари ќе бидат исплатени над 870 милиони денари по основ на МојДДВ

Во системот на Управа за Јавни Приходи – УЈП, за четвртиот квартал за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата.

Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата на средствата за претходни тримесечја, треба да проверат дали во апликацијата имаат оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.

Законскиот рок за реализација, односно исплата на повратот на МојДДВ за четвртиот квартал е до 28.02.2025 година.

Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (четврт квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за корисниците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали, велат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чинат девизите во вторник? – Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија

BiznisPRO

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во мај 2026 во однос на мај 2025 година

BiznisPRO

Курсна листа за 22 октомври 2024

BiznisPRO