Синдикатите бараат 500 евра минимална плата, но најверојатно таа ќе биде 24.500 денари

Минималната плата најверојатно ќе порасне за 2.000 денари, почнувајќи со мартовските примања на работниците низ земјава, односно ќе скокне на 24.500 денари.

Синдикатите неодамна, поради драстично зголемените трошоци на граѓаните, побараа покачување на минималната на 500 евра.

Како идеја која што некои од бизнисмените ја предложија до владата, беше и платата да биде 500 евра, но разликата за придонесите меѓу 22.500 денари и 30.750 денари да ја покрива државата. Оваа идеја начелно беше отфрлена.

Согласно законот кој беше донесен пред повеќе години, минималната плата согласно инфлацијата и други параметри системски се формира во март.

Последното покачување беше на 22.500 денари во март 2024-та година.

Одлуката за тоа колку ќе биде покачена минималната плата треба да биде донесена во најскоро време.

Можеби ќе ве интересира...

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации – Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2%

BiznisPRO

ЕБОР продолжува да ги поддржува инвестициите за заштеда на енергија во Северна Македонија

BiznisPRO

ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО: Оваа наша банка ги исплати пензиите предвреме

BiznisPRO