Нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за корекција на цените на нафтените деривати. Според новата одлука, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,451 ден/кг и отсега ќе изнесува 43,501 ден/кг.

Од друга страна, цените на останатите горива остануваат непроменети во однос на одлуката донесена на 3 март 2025 година. Со тоа, малопродажните цени на горивата изнесуваат:

🔹 ЕУРОСУПЕР БС-95 – 77,50 ден/лит
🔹 ЕУРОСУПЕР БС-98 – 79,50 ден/лит
🔹 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 72,00 ден/лит
🔹 Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 71,50 ден/лит

Оваа одлука стапува на сила веднаш и важи до следното редовно усогласување на цените.

Можеби ќе ве интересира...

Важна информација за граѓаните кои добија повисоки сметки за струја

BiznisPRO

Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2025 година

BiznisPRO

Цените на гасот на европската берза ТТФ се на највисоко ниво во последните пет месеци од 34,9 евра за мегават-час

BiznisPRO