МакедонијаТОП ВЕСТИ

Девизните резерви се поблиску до 5 милијарди евра

Народната Банка во своја редовна објава соопшти дека на крајот на февруари девизните резерви достигнале 4,861,3 милиони евра (речиси пет милјарди).

Според достапните податоци најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (76,2%), по што следуваат монетарното злато (12,5%) и валутите и депозитите (11,3%), се вели во информацијата.