Биткоинот потона за 5 отсто – Потегот на Трамп не даде резултати, крипто светот во разочарување

Крипто светот е во разочарување по неколкуте силни падови на биткоинот и неуспехот еуфоричната победа на Доналд Трамп да ја подигне оваа валута на висока вредност.

Како што покажуваат податоците Биткоинот падна во понеделникот бидејќи нестабилноста на цената на најголемата криптовалута во светот продолжи по извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп за создавање стратешка резерва на биткоин за САД.

Биткоинот се тргуваше за 81.712 долари, што е намалување за повеќе од 5 отсто.

Како што е посочено резервата која ја најави трамповата администрација ќе биде финансирана од монети запленети во кривична и граѓанска постапка за одземање имот, а нема планови за американската влада да купува дополнителни биткоини. По објавувањето на стратешките резерви минатиот четврток, цените на криптовалутите паднаа бидејќи инвеститорите беа разочарани што тоа не беше поагресивна програма.

Можеби ќе ве интересира...

4iG основа компанија во земјава – Дали ќе биде трет оператор за мобилни услуги во Северна Македонија?

BiznisPRO

2,8 милиони евра грант од ЕУ за заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија

BiznisPRO

Кина бесна: „Баравте војна – ќе ја добиете“

BiznisPRO