УЈП ЈА ОБЈАВИ НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Над 11 милијарди денари данок должат граѓани и фирми кон државата

На Листата на должници бр.03/2025 објавени се 1943 должници – правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 3723 физички лица (помалку за 25 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2025 изнесува 11.392.790.146 денари, (повеќе за 181.110.315 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.193.095.157 денари, (повеќе за 140.008.728 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 199.694.989 денари (повеќе за 41,101,587 од претходната листа).

Целата листа е објавена на сајтот на УЈП, односно тука.

Инаку Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2025 за долгови доспеани до 30.11.2024 и неплатени до 28.02.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка, се вели во информацијата.

Можеби ќе ве интересира...

АД ЕСМ преку поволен кредит од германската КфВ банка почнува нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија

BiznisPRO

Кај една третина од контролираните субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација

BiznisPRO

Дали во четврток треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 31 октомври 2024

BiznisPRO