Повисокиот минималец ќе треба да се исплаќа од први април

Март веќе длабоко влезе во втората половина, а со тоа растат и надежите за зголемување на минималната плата.

Работниците според Законот работат за повисока минимална плата веќе 19 дена, но уште нејасно е за колку таа ќе се зголеми.

Ако се земат пресметките според сегашниот закон, минималната плата би требало да се зголеми за 1800 до 2000 денари, односно да достигне нешто над 24.000 денари (речиси 400 евра).

Синдикатите и некои од коморите излегоа со предлог минималната плата да биде и 30.750 денари (500 евра), а разликата за придонесите меѓу досегашните 22.500 и 30.750 денари да ја покрие државата, па дури и со опција персоналниот данок (10%) за таа разлика да си ја платат компаниите.

Можеби ќе ве интересира...

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во првото тримесечје од 2025 година е намалено за 12.0 % во однос на истото тримесечје од претходната година

BiznisPRO

Нови цени на горивата – едни поскапија, други поевтинија

BiznisPRO

Растот на глобалната трговија би можел да се удвои оваа година

BiznisPRO