УЈП СО АКТИВНА УЛОГА НА 21-ОТ СОСТАНОК НА ЕУ ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ТРГОВИЈА, ИНДУСТРИЈА, ЦАРИНА И ОДАНОЧУВАЊЕ (ПТИЦО)

Претставници од Управата за јавни приходи учествуваа на 21-от состанок на Поткомитетот ПТИЦО, каде беше презентиран напредокот во областа на даночната политика, правната рамка и усогласувањето со европските директиви. Акцент беше ставен на институционалниот развој, модернизацијата на ИТ системите и јакнењето на административниот капацитет на УЈП.

Европската комисија го поздрави донесувањето на Законот за имплементација на Вториот столб – значаен чекор во борбата против избегнувањето данок од страна на мултинационалните компании. Истовремено, ја изрази својата поддршка за вклучување на Северна Македонија во европски и меѓународни програми за обука, со цел унапредување на стручноста на домашните експерти.

Во областа на размена на информации, беше оценето дека постојните практики се позитивни, но беше нагласено очекувањето за побрзо воведување на автоматска размена на информации, како алатка за поефикасна борба против даночната евазија и перењето пари.

Како клучен предизвик и приоритет за наредниот период беше посочена потребата од дополнително кадровско зајакнување и инвестиции во ИТ инфраструктурата, со цел подобра имплементација на даночното законодавство и дигитализација на услугите.

УЈП останува посветена кон процесот на европска интеграција преку спроведување на реформи, унапредување на даночните практики и зајакнување на институционалниот капацитет, со крајна цел воспоставување на праведен, модерен и усогласен даночен систем по европски стандарди.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана, девизните резерви повисоки во споредба со претпандемичниот период

BiznisPRO

Курсна листа за 4-ти јуни 2025

BiznisPRO

Банка по грешка му платила на клиентот 81 милијарда наместо 280 долари!

BiznisPRO