УЈП објави нова Листа на должници: Вкупниот долг надминува 11,8 милијарди денари

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр.05/2025, на која се најдоа вкупно 2024 правни лица и 3903 физички лица. Во споредба со претходната листа, бројот на правни лица должници е зголемен за 81, додека кај физичките лица има зголемување од 37.

Вкупниот долг надмина 11,8 милијарди денари

Вкупно објавениот нето-долг на оваа листа изнесува 11.887.960.773 денари, што претставува зголемување од 376.104.947 денари во однос на претходната објава. Од вкупниот долг, 11.729.342.247 денари се однесуваат на даноци и придонеси, што е за 376.287.732 денари повеќе во споредба со претходната листа.

Намалување на долгот за царински давачки

Интересен податок е дека долгот за царински давачки изнесува 158.618.526 денари, што е помалку за 182.785 денари од претходниот период.

Можеби ќе ве интересира...

Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

BiznisPRO

Зошто е потребна посебна полиса за осигурување на имот покрај хипотекарната полиса?

BiznisPRO

Пензионерите ќе се офајдат претпразнично – познато е кога ќе биде исплатата на пензиите

BiznisPRO