Бруто-домашен производ, прво тримесечје 2025 година

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година е 3.0 %, во однос на истото тримесечје од 2024 година, извести Државниот Завод за Статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.1 % и Информации и комуникации од 4.8 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7.1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69.0 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 1.4%, увозот на стоки и на услуги исто така забележи зголемување во номинален износ од 4.8 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година е 3.2 %.

Можеби ќе ве интересира...

Трговскиот дефицит во јануари 2025 година изнесува 16.6 милијарди денари

BiznisPRO

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

BiznisPRO

Најголемата спортска сала во Македонија станува Т Арена

BiznisPRO