Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 16.8 % во мај 2025 година во однос на мај 2024 година

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2025 година во однос на мај 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 29.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.3 %, информира ДЗС.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2025 година во однос на април 2025 година, изнесува 105.7, додека во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 106.1.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 100.6, додека во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 97.2.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 121.0, додека во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 107.7.

Можеби ќе ве интересира...

Минималната плата од март 2025-та би можела да биде околу 24.400 денари

BiznisPRO

Земјиште на ЕВН дадено на користење за археолошки истражувања

BiznisPRO

ОКТА: Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година

BiznisPRO