Пензионерите ќе се офајдат со илјада денари покачување од септемвриската пензија која ќе ја добијат во октомври

Измените на Законот од Влада тргнаа кон Собрание. Пензионерите ќе се офајдат со илјада денари покачување од септемвриската пензија која ќе ја добијат во октомври, јавува Centar.mk.

Тоа ќе биде линеарно покачување за илјада денари, каде според првичните проценки на ќар ќе бидат нешто помалку од 30-тина илјади пензионери кои добиваат минимална пензија, додека другите би добиле повеќе при системско зголемување согласно трошоците на живот, инфлацијата и растот на просечната плата.

Со предлог измените се најавува овој метод да продолжи и вгодина со мартовската пензија, кога ќе бидат зголемени пензиите за уште илјада денари линеарно.

-Владата на денешната седница донесе низа важни одлуки – го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, информираше вчера Владата.

Измените мора да се случат пред распишувањето на Локалните избори, кои најверојатно ќе бидат распишани на 8-ми август, пишува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Индустриското производство бележи раст од само 1.4 отсто

BiznisPRO

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

BiznisPRO

Делегација на Бордот на Директори на ЕБОР доаѓа во посета на Северна Македонија од 14 до 18 Октомври

BiznisPRO