Двата гиганти немаа избор: Ако заработат пари во Кина, дел од нив оди во Америка

Американските технолошки компании Nvidia и AMD се согласија на договор со владата во Вашингтон, според кој ќе плаќаат 15 проценти од своите приходи од продажбата на одредени чипови во Кина директно во американскиот буџет.

За возврат, тие ќе добијат лиценци за извоз на своите напредни производи на кинескиот пазар, објавува FT, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според новиот договор, Nvidia би можела да ги извезува своите H20 чипови, а AMD своите MI308 чипови – полупроводници прилагодени на претходните ограничувања на извозот на САД, се додава во статијата.

Можеби ќе ве интересира...

Бројот на одобренијата за градење во јануари 2026 година е намален за 19.2 % во однос на истиот период од претходната година

BiznisPRO

Ќе се одржи 52. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

BiznisPRO

Паднаа цените на горивата – ова се новите цени

BiznisPRO